Снег во Крушево, М.Брод, на Плетвар и Буково


Внимателно управување со автомобилите и прилагодување на брзината на условите на патот се советите што Македонија пат ги упатува до сите учесници во сообраќајот.kratovo sneg

Од таму соопштуваат дека утринава забележано е слабо провејување на снег во Крушево,М.Брод,Плетвар и Буково кој сепак не предизвикува застој во сообраќајот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патнитеправци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1