Снег во Македонија – побеле и Водно


Откако земјите од регионот деновиве беа зафатени од снежни врнежи, октомврискиот снег утрово се појави на повисоките места во земјата.

Времето во Македонија денеска ќе биде врнежливо, а на повисоките места ќе продолжи да врне снег.1snegvodno

Врнежите на планините ќе бидат од снег особено во претпладневните часови, дневната температура значително ќе опадне поради умерениот до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а дневната од пет до 14 степени.

Во Скопје слично време, облачно со дожд и со засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до девет степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1