Снег во Маврово и Попова Шапка – најниска температура утрово нула степени


Времето во Македонија утрово е облачно и посвежо, на повеќе места со врнежи од дожд, поинтензивни на југот од земјата. Дува слаб северен ветер, поинтензивен на повисоките места и во гевгелиско.popova-sapka2-640x446

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Маврово во осум часот е измерена висина на снежна покривка од два сантиметра. Најниска температура од нула степени е измерена во Маврово, Крушево и Лазарополе, два степена во Тополчани, 4 во Ѓуриште, Пожаране и Охрид, 5 степени во Дебар, Претор, Крива Паланка, Берово и Битола, 6 во Тетово и Прилеп, 7 степени во Куманово и Виница, 8 степени се измерени во Скопје, Дојран, Струмица и Штип, 9 во Демир Капија и 10 степени во Гевгелија.

До осум часот најмногу наврнат воден талог во изминатите 24 часа е измерен во Охрид (30 литри на метар квадратен), 24 во Берово, 22 во Демир Капија, 20 во Маврово, 18 литри на квадрат во Виница, 15 во Крушево, Лазарополе и Претор, 14 во Пожаране и Прилеп, 13 во Струмица, 12 литри во Битола, Гевгелија и Тетово, 11 во Скопје, Тополчани и Крива Паланка, 8 во Штип и Ѓуриште, 7 литри воден талог во Дебар, 6 во Куманово и 5 во Дојран.popova-sapka1-640x451

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје облачно, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата до 14 степени.

Како што најави УХМР, од утре ќе дува јужен ветер со краткотрајно покачување на температурите, а потоа во среда од ноќта кон четврток нов и значително постуден бран ќе донесе нови врнежи, силен ветер и повремен снег на планините, особено на север.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од снежната Попова Шапка. Скијачкиот центар е под снег, а според прогнозите од УХМР од среда ноќта кон четврток нè очекува нов и значително постуден бран кој ќе донесе нови врнежи, силен ветер и повремен снег на планините, особено на север.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1