Снимка што го шокираше светот, татко си го фрли новороденото бебе во контејнер


Во Кина татко го фрлил тукуштороденото бебе во контејнер, наводно мислел дека е неизлечливо болно.

Шокантниот настан се случи минатиот понеделник во кинескиот град Сунавеј ( провинција Јунан), а таткото е фатен благодарение на тоа што камерата го снимила на дело.

На снимката се гледа како маж во црвена маичка и влечки нешто носи во рацете, а во следниот момент го фрла свитканото во контејнер. Потоа ги става рацете во џеб и полека заминува, како ништо да не се  случило.

Благо хипотермичното бебе го пронашла постара жена, го завиткала во марама и ја известила полицијата која брзо ги пронашла родителите на бебето.

Во текот на сослушувањето се дозна дека мајката била во осмиот месец од бременоста кога се родило девојчето, а пред тоа воопшто не била на преглед, известуваат британските медиуми, повикувајќи се на кинескиот портал „Јунан дејлИ“.

Таткото раскажал дека девојакта му се жалела на болки во стомакот и дека набрзо потоа е породила во дневната соба.

Тој новороденчето го ставил на кревет и се погрижеил за девојката, соопшти полицијата.

Дури два часа подоцна погледнал во бебето, кое било посинето и заклучил дека е неизлечливо болно и дека нема да преживее.

Но лекарите констатираа дека е здраво, па по деталниот преглед ќе биде предадено кај надлежните институции.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1