Со репетирани пиштоли се бркале во авто сервис во Скопје


Вчера околу 19.30 часот на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, поточно во сервис за возила дошол Р.Д. (51) од Скопје.

Во тој момент пристигнал и С.Т. (47), кој во сервисот претходно оставил возило на поправка, кое Р.Д. му го продал.

С.Т. во сервисот пристигнал со двата сина и сопругата. Истите излегле од возилото, се ракувале и без никаков повод С.Т. извадил пиштол, го репетирал, по што и неговите синови извадиле пиштоли, а С.Т. му упатил заканувачки зборови на Р.Д.

Сето тоа го гледал сопственикот на сервисот , кој истрчал да ја смири ситуацијата, при што Р.Д. ја искористил ситуацијата, влегол во неговото возило и со голема брзина избегал.

С.Т. и неговите синови влегле во нивното возило и почнале да го бркаат, по што Р.Д. направил и сообраќајна незгода.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1