Со сатар ги уби своите баба и мајка и доби 30 год затвор – се обидела да ја задави цимерката во ќелија


Актерката Теодора Викторовиќ од Србија, внука на познатиот Михајло Викторовиќ, или Цинаговиќ од серијата Подобар живот, пред пресудата за убиството на својата мајка и баба, се обидела да си ја задави цимерката во затворот.

42-годишната Теодора, осудена е на повеќе од 30. години затвор за убиството на мајка си и баба си во нивниот дом, а пред изрекување на пресудата за одлежување затвор, се обидела да ја задави и цимерката во Централниот затвор во Белград.Теодора одеднаш од чиста мира тргнала кон цимерката и почнала да ја дави за вратот. Стражарите веднаш дотрчале и спречиле таа да ја убие.

 

Теодора во Вишото обвинителство со солзи во очите детално го опишала злоделото кое таа го извршила во станот на улицата „Милошевска“ во белградската населба Врачар, во кое ги уби својата мајка Љиљана (62) и баба Иванка (91).
– Мојата мајка тоа утро ме навредуваше и критикуваше затоа што сум била бучна додека во кујната го подгревав млекото за мојата ќерка. Потоа, за неколку часа испив литро водка и земав два вида на лекови за смирување како би го смирила својот бес. Таа за целото време нешто ми дофрлуваше и ме навредуваше зборувајќи од другата соба. Во еден момент ја изгубив контролата, го дофатив сатарот и тргнав кон неа. Ја удрив неколку пати по главата и од тогаш имам прекин во сеќавањето. Не се сеќавам дека сум ја убила мојата баба, раскажала Теодора.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1