Со секира ги нападнал гостите во кафеана во Трубарево


Синоќа околу 2 часот по полниќ непознато лице влегло во кафеаната „Ел-Екстра“ и почналo да го крши инвентарот во објектот. Им се заканувал и на гостите, а во еден момент зел секира со која пределжил да ја демолира кафеаната и нападнал 23 годишно момче К.А. кое го удрил два пати во пределот на грбот.

Момчето е пренесено во Градската општа болница и откако му била укажана помош било пуштено на домашно лекување.

Од полициската станица Гази Баба ги преземаат сите мерки за пронаоѓање на сторителот.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1