Со тупаници по глава му барале пари за судски трошоци – претепано момче од Кондово


Вчера околу 14.15 часот во с.Кондово, скопско, во врска со случена сообраќајна незгода пред неколку месеци, две лица од с.Кондово го пресретнале Н.М. (31) од с.Кондово, го извадиле од неговото патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки и физички го нападнале со удари со тупаници по целото тело, а потоа со кундак од пиштол и пушка го удирале по глава.

Истите му барале пари за судските трошоци за сообраќајната незгода. Н.М. го пријавил настанот во ПС Ѓорче Петров, по што му била укажана лекарска помош во Градската општа болница каде му биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1