Со воз до Солун и назад за 20 евра


Од сабота нова сезонска линија на Македонски железници на релација Скопје – Солун – Скопје. Сезонскиот воз ќе сообраќа до 30 септември.
МЖ Транспорт денеска соопшти дека паднал договор со Грчките железници со кој од 14 јули ќе се воведе сезонскиот воз кој ќе сообраќа секој викенд.
Возот ќе тргнува од Скопје секоја сабота во 05:05 наутро и преку Велес, Неготино и Гевгелија ќе стигнува во Солун во 10:24 часот по грчко време. Од Солун возот ќе тргнува секоја недела во 20:11 часот по грчко време и во Скопје ќе пристигнува во 23:11 часот.
Цената на возниот билет на релација Скопје – Солун, односно Солун – Скопје за втора класа ќе изнесува 12,20 евра, а повратниот Скопје – Солун – Скопје и обратно 20 евра.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1