Сончево, но свежо време


Сончево, но свежо време нé очекува во понеделник. Ветерот ќе биде слаб и ќе дува претежно од северозапад.

Утрото ќе биде студено. Минималната температура ќе има вредност околу -2°С во поголем дел од котлините низ земјава. Нешто постудено ќе биде на повисоките места каде минималната ќе „падне“ до -5°С.sunny-sky

Максималната температура ќе биде слична во однос на недела, но чувсвителната температура ќе биде повисока заради тоа што ветерот ќе биде многу послаб. Во котлините од северниот регион максималната ќе има вредност околу 6°С, а во јужниот регион околу 8°С.

Во скопската котлина конечно се очекува сончево време. Минималната температура ќе има вредност околу -3°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 7°С.

Meteopro

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1