Сонце и топло – Денес до 27 степени


Во Македонија во вторник во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб ветер. Утринските температури од 0°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°С до 27°С.

Cartoon-Sun-1747894Во Скопје во вторник во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7°С, а максималната дневна температура ќе достугне до 25°С.

Појава на утринска магла ќе има и во среда, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб ветер со променлив правец. Утринскиите температури од 4°С до 14°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°С односно до 27°С.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 4°С до 13, а максималните дневни температури од 19°С до 26°С.

weather4all.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1