Сообраќајка кај Белград – повредени 4-ца Македонци



Утринава околу 4 часот на автопатот кон Загреб во Близина на Белград во сообраќајна несреќа повредени се 4 македонски државјани.

Повредени се 35 годишна жена, 25 годишна девојка, мажот кој управувал со возилото и шестмесечно бебе, јавува српски Курир.

Тие се враќале од одмор во Македонија во Словенија, каде што живееле.

Девојката се здобила со тешки повреди во пределот на рбетот, мажот кој управувал со возилото со повреди на вратот, а 35 годишната жена се здобила со скршеници по нозете и рацете.  Шест месечното девојче се здобило со повреда на рамото.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1