Сообраќајка на патот Охрид-Кичево, двајца повредени


Утрово, околу 6 часот на патниот правец Охрид- Кичево, меѓу селата Требеништа и Мешеишта се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички возила- „Форд“  со скопски регистарски таблици и „Мазда“ со австриски таблици

nesrekja soobrakjajka policija pat– Во сообраќајната незгода полесно се повредени две лица кои се згрижени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св. Еразмо“ и се вон животна опасност, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

До сообраќајната незгода дошло кога патничкото возило „Мазда“, поради невнимание, преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во другото возило.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1