Сообраќајка пред Штип, возачот излетал од патот


Тешка сообраќајна несреќа се случила изутринава на патот во близина на штипските села Долни Балван-Чардаклија, при што тешко е повреден 26- годишниот М.А. од село Оризари.nesrekja soobrakjajka policija pat

 

Според првичните информации несреќата се случила десет минути пред шест часот утрово, кога кочанчанецот не успеал да ја прилагоди брзината на кривините, што се наоѓаат на тој дел од патот и излетал од коловозот.

Повредениот е префрлен во штипската Клиничка болница.

Пред неполна недела на истиот пат во тешка сообраќајка, во директен судир на автомобил „Форд фиеста„  и мини бус, животот го загуби 51-годишен штипјанец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1