Сообраќајката на патот Струмица-Радовиш – повредени три лица


Три лица се повредени во сообраќајната несреќа која претпладнево околу 10:50 часот се случила на магистралниот пат Струмица-Радовиш, одноносно на крстосницата пред селото Калуѓерица.soobrakjajka 233

Од полицијата за Курир информираат дека во несреќата учествувале автомобили „Опел Вектра“ со бугарски таблички управувана од М.Ц. (22) од Добрешинци, Василево и „Фолксваген Поло“ со радовишки ознаки управувано од 41 годишниот М.М. од Радовиш.

Со полесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката од „Вектрата“, А.Ѓ. од Радовиш кои се пренесени во струмичката болница.

Сообраќајот се уште е во прекин и се одвива по стариот пат, но негово нормализирање се очекува наскоро, односно по отстранување на возилата од коловозот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1