Сообраќајна несреќа кај Велес – повредено четиригодишно дете


Четири годишно дете се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера околу 8 часот и 50 минути се случила на магистралниот пат Велес-село Извор.

Според информациите од полицијата во несреќата учествувале автомобил „Фиат Пунто“ управуван од 33-годишниот Т.М. од село Горно Јаболчиште и автомобил „Митцубиши“ управуван од 26-годишниот М.С.
Во несреќата со тешки повреди се здобило детето, сопатник во Пунтото на кое му е укажана лекарска помош во велешката болница, но поради сериозноста на повредите е препратено во Ургентниот центар во Скопје.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1