Сопругата на Здравко Чолиќ нападната со нож од обожавателка


Откако стапна на музичката сцена, Здравко Чолиќ стана миленик на жените. Поради обожавателките што го следеле во чекор, пејачот во текот на богатата кариера имал многу непријатности. Една ќе му остане запаметена за целиот живот, пишува српски „Курир“.

Една обожавателка отишла толку далеку така што неговата сопруга Александра, со која има две ќерки, Уна и Лара, ја нападнала со нож и ја исекла по лицето.Zdravko-Colic-i-supruga-Aleksandra

Легендарниот Чолиќ со незадоволство се присетува на оваа непријатна случка, која се случила во деведесеттите години на Баново Брдо.

– Многу работи сум доживеал во животот. Еднаш мојата сопруга беше нападната со нож од моја обожавателка, при што беше исечена по лицето! Сандра се тргнала, но таа сепак малку ја закачила. За среќа, немаше поголеми последици. Тоа беше одамна, но и ден-денес се сеќавам на тоа. Мојата сопруга немаше други поголеми непријатности, не е тој тип, а и сметам дека сопругата и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста – рекол Чолиќ за еден магазин.

Тој објаснил и дека во овој случај среќа во несреќата било тоа што неговата сопруга не е љубоморна, па драмата брзо се завршила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1