Состојбата пред ексалација – Шпанија ѝ ја укина автономијата на Каталонија


Шпанскиот сенат изгласа да ѝ се укине автономијата на Каталонија и да се воведе директна власт од шпанската влада, откако каталонскиот парламент денеска прогласи независност од Шпанија.

Сенатот на Шпанија му даде дозвола на премиерот Маријано Рахој досега невидена моќ да воведе директна власт во Каталонија, неколку минути откако попладнево регионалниот парламент изгласа воспоставување независна република, пренесе Гардијан.

Сега се очекува Рахој, кој вети дека ќе го спречи регионот да стане независен,да свика состанок на кабинетот за да почне да ја презема контролата во регионот и да го отпушти нејзиниот претседател, Карлес Пучдемон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1