Спасени многу животи: Пронајдена уште една експлозивна направа во метрото


Руските безбедносни служби пронајдоа и деактивираа уште една експлозивна направа во метро станицата во центарот на Санкт Петербург, соопшти рускиот Национален комитет за борба против тероризмот.metro bomba sankt petersburg

Експлозивната направа е пронајдена на метро станицата „Плошчад Востанија“, додека експлозијата се случи помеѓу станиците „Сенаја плошчад“ и „Технологически институт“, при што загинаа девет лица, а повредени се 20.

Претставникот на руското Државно обвинителство Александар Куреној експлозијата ја оцени како терористички напад.

Претседателот на Русија, Владимир Путин претходно изјави дека се разгледуваат сите опции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1