Спектакуларна свадба на Јадранот од 25 милиони долари и 8 тона цвеќе


Се омажи ќерката на њујоршкиот крал на недвижности и еден од најбогатите луѓе во свет (552-ри на листата најбогати), Џеф Сатон, за што беше приредена церемонија од 25 милиони долари.

На свадбата, која се одржала на Јадранот, во јужна Италија, имало 400 гости.

Невестата Рене Сатон, која судбоносното „да“ го кажа на Елиот Коен, била облечена во занесна венчаница. Невестата и таткото на веселбата пристигнале со кочија, а церемонијата била организирана на платформа изграденa на карпа во италијанскиот ресорт Монополи.

Гостите на свадбата пристигнале со чартер лет, на што домаќинот Џеф Сатон потрошил скоро пет милиони долари. Од друга страна пак, локалците забавата можеле да ја набљудуваат само оддалеку.

Потврдена е информацијата дека од Холандија биле увезени осум тона цвеќе, а 400 поканети луѓе престојувале во одморалиште со пет ѕвезди, каде што ноќевање чини 500 долари.

Инаку таткото на Рене Стаон е 522-риот најбогат човек на планетава, бидејќи се проценува дека неговото богатство вреди 3,6 милијарди долари. Тоа што за свадбата на својата миленичка потрошил 25 милиони долари, венчавката ја прави една од најскапите во свет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1