Спречена катастрофа во центарот на Скопје: Изгоре само сервис за плински уреди зад „Дрводекор“


Во пожарот што избувна денеска околу девет часот зад „Дрводекор“ во центарот на Скопје, изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди и од барака со канцеларија.

foto Sitel.mk

foto Sitel.mk

Ѕвонко Томевски, командант на бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА за изјави дека во пожарот нема повредени лица.

– Пожарот е локализиран и во тек е расчистување на локацијата. Во пламен беше кровната конструкција, а противпожарните екипи интервенираа брзо. Дојавата за пожарот беше во 9 часот и 15 минути, а е изгаснат за десетина минути, изјави Томевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1