Србија нема да му даде на Косово да го промени српскиот со албански телефонски префикс


Србија ги покрена сите расположливи меѓународни механизми како би ги спречила намерите на Приштина, повикувачкиот број за Србија да го замени со меѓународниот префикс на Албанија.

Како што за Новости потврдил Расим Љајиќ, министер  за трговија и телекомуникации, очекува да биде спречено спроведувањето на резолуцијата која што во четвртокот беше усвоена од косовскиот парламент.

Љајиќ  веќе испрати писмо до генералниот секретар на Меѓународната Унија за телекомуникации Амад Туреу, за спречување на намерата на Приштина, бидејќи со оваа резолуција грубо се злоупотребува меѓународната соработка и стандарди.

” Воведувањето на префиксот 355,што подразбира  целиот меѓународен телефонски сообраќај на Косово да се одвива преку Албанија, преставува прекршување на  одлуките и препораките на Унијата.

Според Љајиќ, оваа резолуција е чист политички акт и потег кој нема да помогне за разрешување на проблемите за што се залага Белград.

Борислав Стефановиќ шефот на преговарачкиот тим, објаснил дека резолуцијата е политички маневар на Приштина  пред да продолжи дијалогот, како би се присилил Белград да му даде на Косово посебен повикувачки број.

“Ние сме единсветни кои тоа би можеле да им го дозволиме, бидејќи сме членка на Меѓународната Унија за телекомункации и УН, а тие не се. Ставот на поранешната влада е дека тоа барање не може да се исполни,  а како ќе се изјасни новата влада допрва ќе видиме”.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1