Србија поради Каталонија бара извинување од Брисел


Српскиот претседател Александар Вучиќ свика итен состанок по соопштението на Европската комисија, во кое се наведува дека каталонскиот референдум е нелегален, но дека случаите на Каталонија и Косово не може да се споредат.

Европската комисија го прогласи референдумот за независност на Каталонија за неуставен и тврди дека случајот со оваа шпанска покраина и случајот со Косово и Метохија не може да се споредат.

Во соопштението е наведено дека тоа е така затоа што Шпанија е членка на Европската Унија, а Србија не е.

„Кога е во прашање признавањето на Косово, тоа беше многу специфичен контекст. Тоа беше позиција усвоена врз основа на разни декларации и резолуции на Обединетите нации, но и на меѓународната заедница. Многу специфичен контекст, со специфични причини“, изјавил портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас, но не објаснил за кои декларации и резолуции станува збор, ниту на што се однесува специфичноста што ја споменал.

Вучиќ по ваквата изјава прашува како може во случајот на Каталонија да не важи референдумот за независност, а во случајот на Косово отцепувањето да е можно и без референдум.

Премиерот на Србија, Ана брнабиќ рече дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ и српската влада подготвиле писмо до Европската комисија во која ќе се постави низа прашања во врска со ставот на Комисијата дека случаите на Каталонија и Косово не може да се споредат.

„Првото прашање е дали меѓународното право важи за сите. Ако Европската комисија и членовите на Европската унија кои ја признаа независноста на Косово велат дека истите правила не се применуваат за Србија и истиот закон не е применлив, така нека ни кажат. Или, нека ни кажат дека тогаш кога ја признаа еднострано прогласената независност на Косово, всушност, направиле грешка и за тоа да им се извинат на граѓаните на Србија и на Република Србија“, соопшти Брнабиќ, цитирана од Ал Џазира.

 

„Ова е најдобриот пример за двојните аршини и хипокризијата на светската политика. Како тоа во Каталонија референдумот не е валиден, а на Косово може и без референдум. Многумина си играа со судбините на државите, но на многу светски сили денес не им е до игра, бидејќи мечката затропа на нивната врата“, рече Вучиќ.

Белград најави дека до сите земји кои не го признаваат Косово ќе го достави писмото за да, како што рече премиерот Брнабиќ, Србија им се заблагодари и да им даде до знаење колку тие биле во право, кога го бранеле меѓународното право.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1