Србите спасија жива глава – прв бод за Македонија на европските првенства!


Македонските фудбалери до 21 година за малку ќе оствареа сензационална победа против Србија, сепак на крај мораа да се задоволат со реми од 2-2. Србите мораа да спасуваат жива глава со гол во 90. минута и да ни ја расипат историската победа во најава. Ѓурѓевиќ беше најумешен по еден прекин, погодувајќи ја мрежата со глава.

Младинската репрезентација го освои првиот бод за една македонска национална селекција на големите натпреварувања (европски и светски првенства) во ремито против Србија 2-2, на континенталниот шампионат за фудбалери до 21 година во Полска, одигран попладнево во Бидгошч.

Србија поведе со голот на Мијат Гачиновиќ во 24 минута на што „црвено-жолтите“ одговорија со пресврт во второто полувреме. Израмни Енис Барди во 64 минута од пенал што го изнуди резервистот Ељиф Елмас, а Никола Ѓорѓев, кој исто така почна од клупата, биеше неодбранливо во 83 минута за водство на македонските фудбалери.

Конечната радост, сепак, ја одзеде Урош Ѓурѓевиќ во 90 минута. Србија во втората минута го затресе и десниот дирек од голот на Алексовски пришто изостана реализација.

Македонија не го сочува водството, но со самодоверба ќе се насочи кон последниот натпревар од групата. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се сретнат со Португалија, в петок (20.45 часот) во последното коло од групната фаза.

Пласман во полуфиналето ќе обезбедат првопласираните селекции од секоја група, како и најдобрата второпласирана репрезентација

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1