Србите удрија по Вучиќ, премиерот нападнат од српски насилници


Група насилници од Србија го почнаа инцидентот во Поточари, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ, кој се обрати до јавноста по вонредната седница на Владата, свикана по повод инцидентот во Сребреница, пренесе МИА.

– Ја предводев нашата делегација на помен на загинатите невини жртви во Сребреница. Бев замолен од домаќините да не говорам на церемонијата и тоа го испочитував. Бев дочекан мошне срдечно од семејствата на жртвите, од мајките на убиените, од градоначалникот Чамил Дураковиќ. Цело време водевме сметка да се однесуваме достоинствено, одговорно и да ја претставиме нашата земја, како што и доликува, рече Вуќич на прес-конференција.aleksandar-vucic_1356097137_420x0

– Кога пристигнав беа спречени неколку обиди за навреди, но немаше проблеми. Кога излеговме од салата група приврзаници на еден фудбалски клуб од Србија почнаа организирано да извикуваат навреди, а кога го положив цвеќето од сите страни се слушаа довикувања, рече Вучиќ и додаде дека групата навивачи од Србија не учествувала директно во нападот.

Вучиќ додаде дека сепак неговата рака за босанскиот народ и натаму останува испружена.

– Соседи и пријатели Бошњаци ви подавам рака, не се грижете за будалите, кои го предизвикаа инцидентот, такви има насекаде, рече тој и додаде дека групите кои го нападнале, всушност ги навредиле мајките и семејствата на жртвите.

Вучиќ исто така ги повика Србите и натаму кон Бошњаците да се однесуваат како кон соседи и пријатели и додаде дека државата кон Бошњаците ќе се однесува како и досега.

Тој истакна дека тоа бил организиран и добро подготвен напад.

– Тој напад беше добро организиран и подготвен и среќен сум што тоа не го организирале семејствата на жртвите и оние кои загубиле некого, рече премиерот на Србија.

Тој потврди дека е погоден со камен во устата и оти од ударите му се скршиле очилата и му паднале.

На прашањето за кои навивачи станува збор тој изјави дека тоа се некои навивачки групи од Србија, но и навивачки групи од градови во БиХ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1