Србите во „Рајските документи“


Меѓу 120 светски државници, политичари и бизнисмени, чие работење со оф шор компаниите беше откриено со „Рајските документи“ кои ги обелодени германскиот весник „Зидојче цајтунг“, има и српски државјани, меѓу кои и актуелниот министер без ресор задолжен за иновации и технолошки развој, Нанад Поповиќ.

Документите што излегоа од две агенции за оф шор услуги од Бермудските Острови и Сингапур, покажуваат дека Поповиќ поседува имот што вреди најмалку 75 милиони долари, а дека неговата пазарна вредност е повисока од 100 милиони долари, со што тој убедливо е најбогатиот српски политичар, открива белградската Мрежа за истражување на криминалот и корупцијата (КРИК).

Поповиќ од своја страна ги демантираше ваквите информации, тврдејќи дека ниту една негова компанија не е регистрирани во „оф шор зоните“, кои се споменуваат во истражувањето за „Рајските документи“.

– Сите мои компании се регистурани во Русија и Европа. И што е најважно, сите мои компании, како носител на државна функција, ги регистирав во Агенцијата за борба против корупција на Република Србија, нагласи Поповиќ.

Тој нагласи, дека доколку пости барем еден доказ дека тоа што го зборува не е точно, ги повикува учесниците во ова истражување веднаш да го изнесат.

Во документите се споменува и за продажбата на акциите на српската компанија „Јужна Бачка“, како и за „Мердијан“, една од најголемите српски обложувалници, која во 2007 година започна со обложување преку Интернет на Малта, кога тоа не беше можно во Србија.

„Мердијан“ во Србија ги поседува компанијата „Џокер Гејмс“, основана во 2001 година, која е во сопственост на Александар Миловановиќ, Снежан Божовиќ и Зоран Милошевиќ.

Тројцата сопственици на „Мердијан“, како директно, така и преку фирмата „Џокер Гејмс“, се сопственици на две компании на Малта – „Мердијан Гејминг“, основана во 2007 година и „Мердијан Гејминг Холдинг“, основана во 2016 година.

Документите откриваат и за позадината на пропаѓањето на приватизираната компанија „Енергетика“ од Лозница, дел од познатиот холдинг „Вискоза“.

Фабриката „Енергетика“ е приватизирана во 2007 година, кога ја купи италијанската фирма „Декорта“, во сопственост на српските бизнисмени Љубе Мискин и Владимир Шекревски.

„Енергетика“ во 2010 година за падна во финансиски проблеми, а една година подоцна ја презеде „СкарДек Лимитед“, новооснована фирма од Малта.

Нејзини сопственици се сопствениците на „Скарброу“ и грчкиот бизнисмен Димитри Корицас, зет на Шекревски. Тие го вработиле и поранешниот директор на ЕПС, Драгомир Марковиќ.

КРИК ја пронајде пресудата од судот во Малта, која открива дека фирмата „СкарДек Лимитед“ пробала да го спаси претходниот сопственик на италијанската „Декорта“.

„СкарДек Лимитед“ во име на „Декорта“ гарантирала дека на компанија од Унгарија ќе и биде вратен долг од два милиони евра. Бидејќи тоа не се случило, Судот во Малта во 2015 година и наложил на „СкарДек Лимитед“ да го исплати целиот износ со камата.

Долгот се уште не е вратен, „Декорта“ е во стечај, „Енергетика“ е блокирана, а „СкарДек Лимитед“ нема средства на сметка.

Шекревски е познат, како што наведе КРИК, по две фатални приватизации – ја купи државната компанија „Хидроградња“ од Вршац, која е сега блокирана, како и бродоградилиштето „Тератрејд-бродоремонт“ во близина на Сомбор, кое е во стечај.

Фирмите на Шекревски во Србија се тужени дури 99 пати.

Контроверзниот бизнисмен Богдан Родиќ, е сопственик на две оф шор компании регистрирани на Малта, покажуваат документите.

Неговото семејство поседува многу фирми во Србија, а најпознато е по тоа што го има основано ланецот на маркети „Рода“, како и дека во нивна сопственост беше „МБ пивара“.

Со документите се откриваат и детали за работењето на бизнисменот Небојша Ивковиќ, како и генералот Јован Цековиќ, долгогодишниот директор на „Југоимпорт СДПР“, кој е сопственик, како што се наведува, на малтешката компанија „Јомил Малта Лимитед“, основана во септември 2007 година.

Бранислав Груиниќ, српскиот бизнисмен, кој веќе со години живее во Русија, во „Рајските докумнети“ се појавува како коспоственик на малтешката компанија „ПФ Пропертис Лимитед“. Негов партнер е Русинот. Бланк Аркади Зелманович.

Познатиот српски градежен инженер Зоран Флориќ е сопственик на малтешката компанија „Роадс Тим Компани ЛТД“, основана во август 2010 година.

Во документите се наведува и архитектот Иван Бекчиќ Петровиќ, која работеше на реконструкцијата на терминалот 2 на аеродромот „Никола Тесла“.

Во базата на податоците се споменува и британскиот адвокат Марк Харисон, кој работи во канцеларии регистирани во Белград.

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) објави 13,4 милиони документи за финансиите на околу 120 политичари од различни држави.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1