Српската актерка среде нападот во Барселона: „Нагази на гас, летаа мртви тела, беше ужасно“


Познатата српска актерка Сузана Петриќевиќ била сведок на монструозниот терористички напад во Барселона, каде загинаа 13 лица, а повеќе се повредени.

Таа за крвавиот пир раскажува дека бил повеќе од ужасен, летале делови на сите страни, владеела паника.

– Гледавме во смртта, буквално и гледав во очи, беше на метар од нас. Како успеав во таа паника да влезам во продавница не знам, две млади девојки ме повлекоа внатре. Уште не сум свесна што доживеав, вели Сузана.

Таа таму се нашла на одмор со другарките кои биле во моментот на плажа:

– Сосема случајно се најдов таму, влегов во продавница по наочари, почнаа сите да вриштата, не знаев што се случува. Видов како летна жена со дете во раката, додава актерката.

Комбето рушело се пред себе, а се создало и стампедо од луѓе.

-Даде гас на улицата од 500 метри, газеше се пред себе, луѓето само паѓаа мртви. Беше страшно, завршува актерката која успеала да се спаси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1