Српскиот амбасадор се убил зошто дознал дека е болен – изјава на неговата сопруга


Ненадејната и тешка болест за која српскиот амбасадор во НАТО дознал неодамна била причината тој да се убие на аеродромот во Брисел, пред очите на колегите. Тој разговарал со нив и во еден момент отишол на работ на паркингот и скокнал во својата смрт.

,, Бранко неможеше да се помири дека ќе мора остатокот од животот да го помине како што самиот велеше ,, во состојба недостојна за еден човек,, изјавила за српски Телеграф сопругата на амбасадорот Сања Милинковиќ,

Бранислав Милинковиќ за болеста дознал неколку дена пред самоубиството и тоа го изменило до непрепознатливост, вели неговата сопруга која исто така е во дипломатска мисија во ОБСЕ во Виена.

,, се видовме за викенд и не беше истиот човек, ни близу забавен, насмеан и весел како порано. Зборуваше само за болеста, за информациите од лекарите дека го чека долго и мачно лечење, а исходот е неизвесен,, не можеше да се помири со тоа.

Сања иако шокирана од веста за болеста се обидела да му помогне, преку скајп разговарале и за алтернативни начини за лечење, дури и договорила средба, но Бранислав пред да треба да почне со третманот самиот се откажал без збор.

Кога се збогувавме ми рече дека ќе дојде за една недела кај мене во Виена и дека ќе отвори боледување, јас искрено се надевав дека ќе успееме да го пребродиме ова, но ете, тој не можеше да се помири,, вели неговата сопруга.

Таа била во Даблин на министерска конференција кога и ја соопштиле веста.

Благодарна е што таа и нејзиниот син добиваат сочуство од многу луѓе – милам дека Бранислав не ни беше свесен колку луѓе го почитуваат и ценат, вели сопргата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1