Стајковци се соочува со штетите: Сите ни помагаат, храна, лекови и вода стигнуваат од секаде (ВИДЕО)


По страшното невреме што го зафати Скопје во саботата, едно од најпогодените места, скопското село Стајковци, се соочуваа со штетите што ги оставија  поплавите зад себе.staj-nova-640x327

Таму вчера сите беа на нозе, од месното населени кое ги чистеше своите куќи и дворови, припадниците на Армијата кои им помагаа и можеа да се видат во секој двор, до волонтерите кои од цела Македонија беа дојдени за помош.

Поголемиот дел од жителите кои ги затекнавме во селото одговорија дека се задоволни од помошта која им се пружа, дека најпотребното стигнува секој ден и дека се надеваат оти многу брзо ќе успеат своите домови да ги вратат во нормална состојба.

Екипа на „Република“ вчера го посети селото Стајковци, а ова се изјавите на дел од жителите што ги затекнавме таму.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1