Старицата од која се срамев – а сега ми недостига, очајно ми недостига


Се срамев од нејзе,појавата на збрчкана и куца старица,бледиот лик и неумесно нафрланите парчиња облека.

Колегите од порталот Факултети секогаш наоѓаат приказни од кои потекуваат солзи и не тераат да се замислиме – еве уште една таква – ви ја пренесуваме

staricataСекогаш носеше темно,штофено здолниште со црни чорапи кои и наѕираа од чевлите на низок ѓон.Косата,или барем она што требаше да претставува коса,ја носеше зафрлена на левата страна. Помодрените подочници и ги исцртуваа борите како траги на испукана кожа.На образот имаше три бемки  распоредени во форма на правоаголен триаголник. Од нив никнуваа црни влакненца кои страшно ја нервираа, па ме тераше да и ги скубнувам. Имаше пожолтени заби од прекумерната никотинска зависност.Двапати доживеа никотинско труење. Лекарите не информираа дека третиот пат ќе биде фатален. Петите и беа закоравени, а ноктите на нозете не слушнале за педикир. Одеше подгрбавено како некој да и товарил самар. Зборуваше гласно и беше неука. Луѓето секогаш се гледаа во нас кога нешто ми објаснуваше.

Јас тогаш поцрвенував од срам.Всушност,секогаш ми се заруменуваа образите кога чекореше крај мене. А не смеев, тоа беше погрешно. Што да правам? Јас бев нејзино дете, но и дете на модерното општество. Кога мајките на моите соученици доаѓаа на родителски состанок ставаа шминка, посетиле фризер, ќе облечеа нешто за поформална пригода или нешто ултра модерно. Ќе речеа-мојата мајка е најубава, јас молчев. Молчев зашто таа ме научи дека треба да молчам,ако немам ништо убаво да кажам. А немав. И не ја сметав за убава.

И кога замина на вечен пат, се срамев од мојот некогашен срам.Таа ми беше мајка. Жена која ме одгледала и ми дарила љубов. А што правев јас сиве години? Ја криев од пријателките,свршеникот, дури не присуствуваше ни за мојата дипломска одбрана, зашто не и кажав. Не сакав моите професори и колеги да видат која и каква е мојата мајка.

Остарела предвреме бидејќи проблемите и ја скратиле младоста.Никогаш не размислив кои се тие проблеми. Ако гледав пообјективно на нештата,ќе сфатев дека проблемот бев јас. Па ме родила на 20 годишнна возраст.И цицав од дојките, и го изобличив стомакот…Јас и ја зедов младоста,за подоцна да ја сметам за старица. Никогаш не купила ново парче облека, зашто со тие пари ме ранеше мене и ми овозможуваше да се чувствувам на иста бранова должина со другите. И навистина, не  бев помалку вредна,ниту сиромашна ни за миг.Пушеше цигари,зашто и го сопираа незаситниот апетит. Да остане повеќе храна за малечката уста која минуваше низ период на развој и беше потребно правилно да го оформува телото. Се згрбавила зашто постојано бдееше над болежливата ќерка со слаб имунитет.

Бесрамница.! Јас се срамев од нејзе,а сега очајно ми недостига.Ми недостига нејзиниот застарен стил на облекување,изретчената коса,пожолтените заби,уморните очи,ефтиниот парфем…Ми недостига срамот додека чекори крај мене.А најмногу од се,ми недостига седата  старица за која сум сигурна дека сега е среќна во рајот.

Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1