Старт на 3 светска војна ако Израел го нападне Иран – се заканува Техеран


Техеран соопшти дека секој напад на земјата од страна на Израел ќе го толкуваат дека е со благослов и одобрение од САД и тогаш тие ќе одговорат со иста мера на американските бази во Бахреин, Катар и Авганистан.

 

Копампанијата “simens” ги негираше обвинувањата на Иран дека поставила експлозивни направи во нуклеарната опрема. Иран може да изведе и превентивен напад ако проценат дека Израел се подготвува за напад над нив, предупреди и запрети командантот на елитната иранска војска ,, Чувари на револуцијата,,

,, Ако дојде до воен судир меѓу Израел и Иран веќе ништо нема да биде предвидливо и тоа ќе прерасне во Трета светска војна,, изјавил бригадниот генерал Амир Али Хаџизадех за телевизијата ,, Ал Алам,,

Тој додал во изјавата дека Иран секој напад ќе го смета дека е изведен со благослов на Америка.

,, Затоа без разлика дали ќе не нападнат со или без знаење на САД ние дефинитивно ќе одговориме со напад на американските бази,,

Ирански парламентарец ја потпали атмосферата изјавувајќи дека

Сименс поставиле експлозивни направи во нуклеарната опрема наменета за Иран. Германската компанија денеска ги негираше овие тврдења изјавувајќи дека ,, воопшто немаат бизнис врска со иранската нуклеарна програма,,

Аладин Боруџерди, шеф на парламентарниот комитет за безбедност тврди дека направите биле наместени да експлодираат кога ќе почнат со работа, како би ги уништиле сите ирански нуклеарни системи. ,, мудроста на нашите научници ја осуети оваа намера и непријателска завера,, изјавил тој. Иран е под санкции на UN и парламентарецот не прецизирал одкаде дошла опремата.

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1