Старт на Евровизија: Јана Бурческа блесна на црвениот тепих


Облечена во зелена тоалета со висок шлиц и деколте, македонската претставничка зрачеше додека позираше пред камерите.

Македонската претставничка на Песна за Евровизија за 2017 година, Јана Бурческа, блесна и шармира на црвениот тепих на официјалното отворање на фестивалот во Киев, Украина.eurovision-in-concert-lucy-jones-jana-burceska-

Облечена во зелена тоалета со висок шлиц и деколте, таа зрачеше додека позираше пред камерите. За 62-то издание на изборот за најдобра песна во Европа, на отворањето дефилираа претставниците од секоја земја – делегации од 42 држави.

Од Белорусија до Сан Марино и Холандија, учесниците на Евровизија беа на црвениот тепих. Годинава црвениот тепих на Евровизија е најдолг во историјата на музичкиот натпревар – цели 265 метри.

Изборот за песна на Евровизија, 62-ри по ред, почнува утре во Киев, со првата полуфинална вечер во која ќе настапат 18 земји.

Второто полуфинале е закажно за 11 мај, а финалето ќе се одржи на 13 мај.

Најпопуларниот музички натпревар во Европа оваа година се одржува во главниот град на Украина, Киев, благодарение на победата на минатогодишниот учесник Џамала со песната „1944“.

Ова е вторпат Украина да биде домаќин на натпреварот, претходниот пат беше домаќин во 2005 година.

На Евросонгот оваа година учествуваат 42 земји. Португалија и Романија се вратија по отсуството во 2016 година, Босна и Херцеговина се повлече од натпреварот поради финансиски проблеми, а Русија поради забрана за влез во Украина на нејзините претставници.

Во првото полуфинале настапуваат: Шведска, Грузија, Австралија, Албанија, Белгија, Црна Гора, Финска, Азербејџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Исланд, Чешка, Кипар, Ерменија, Словенија, и Летонија.

На првата полуфинална вечер право на глас ќе имаат публиката и членовите на жири комисијата од земјите учеснички, како и директните финалисти од Италија, Велика Британија и Шпанија.

На втората полуфинална вечер настапуваат: Македонија, Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

На втората полуфинална вечер право на глас ќе имаат публиката и жири комисијата од земјите учеснички на второто полуфинале, како и директните финалисти од Германија, Украина и Франција.

На овогодинешниот натпревар за Песна на Евровизија во Киев, Македонија ќе ја претставува Јана Бурческа со песната „Dance Alone“.

Бурческа ќе настапи трета по ред на втората полуфинална вечер в четврток.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1