Стевчо за претседател – ГРОМ бара предвремени избори на пролет


Партијата на Стевчо Јакимовски, ГРОМ. се залага за организирање на предвремени парламентарни избори напролет и тоа поради цензусот, поради долгите периоди на `техничка влада и заради застој во евроинтеграциите.

grom stevce„Ние во 2013 година имавме локални избори што практично значеше дека од 11 јануари до 24 април ние имавме техничка влада. Тоа значеше дека ниту можеше да се носат некои одлуки, ниту закони, а сето тоа се пренесува врз работата на локалната сампоуправа. Догодина исто така ќе имаме претседателски избори и исто толкав период техничка влада. Потоа во 2015 редовни парламентарни избори, што значи дека во 36 месеци ние практично 12 месеци ќе имаме техничка влада, што е исклучително неповолно за земјата. Доколку и мислиме добро на државата, тој процес треба да се скрати и напролет треба да имаме истовремено и претседателски и парламентарни избори”, рече Јакимовски.

Како втора причина, Јакимовски истакна дека ако се оди само на претседателски избори, ќе има проблем со цензусот, а во тој случај освен што ќе има сериозна политичка криза, ќе се доведе во ситуација да има и уставна криза.

„Последната, трета битна работа за нас, зашто треба да имаме предвремени парламентарни избори, е зашто имаме застој во евроатланските интеграции, економската состојба не ни е онаква каква што очекуваа граѓаните и каква што посакуваме”, порача Јакимовски.

Нагласи дека има сериозен застој во политичкиот дијалог, а по оставката на Борис Кондарко од функцијата претседател на Државната изборна комисија, политичките конфронтации ќе ескалираат.

Во исто време го повикува СДСМ веднаш по распишувањето на огласот во Парламентот да го дадат својот претставник во ДИК. Во спротивно оставката на Кондарко ќе ја сметаме како политички маневар и барање алиби за неодење на избори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1