Стивен Хокинг итно префрлен во болница во Рим!


Британскиот физичар и космолог Стивен Хокинг примен е денеска во болница во Рим откако му се слошило, но не е во тешка состојба, рекол неговиот портпарол.stiven hoking

Хокинг (74), кој престојува во Рим каде што учествувал на конференцијата на Папската академија на науките и се состанал со папата Франциско во понеделникот, е префрлен во римската болница „Џемели“, пренесува „Ројтерс“. „Џемели“ се смета за една од најдобрите римски болници, каде што се лекуваат папите.

И портпаролот на познатиот физичар и неименуван извор во Ватикан рекле дека Хокинг, кој има болест на моторичките неврони, не е во тешка состојба.

Извор од Ватикан навел дека планот Хокинг со својот тим утре да го напушти Рим не се променил.

Хокинг, автор на книгата „Кратка историја на времето“, зборува со помош на специјален компјутеризиран синтетизатор на говорот и патува со четиричлен персонал, меѓу кои се две медицински сестри.

Тој во Ватикан држел говор на 25 ноември за потеклото на Вселената, потсетува британската агенција.

Во 1963 година, на тогаш 22-годишниот Стивен Хокинг му била дијагностицирана „амиотрофична латерална склероза“ (АЛС). Хокинг бил два пати во брак и е татко на три деца

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1