Стоја првпат за самоубиството на сопругот: Тешко ми беше да докажам дека не сум виновна


Иако пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја со години тврдеше дека нејзиниот прв сопруг загинал во сообраќајна несреќа, испливаа приказните дека тој всушност се фрлил во река.stoja-foto-marina-lopicic-1484171522-1078175

-Ми беше тешко што сето тоа време морав на своите родители да им докажувам дека новинарските написи не се точни. Посебно што поголем дел во животот го остварив со мојата работа и труд. Кога излегоа тие наслови за смртта на мојот маж, не ме потресуваа зошто повеќе се плашев за своето дете. Мојот син имаше само 3 години кога го загуби таткото. Околу други работи не сум се потресувала зошто најдобро си го знам својот живот. Ми беше важно само дали моето дете ќе доживее нешто лошо, посебно што рано остана без татко, вели Стоја и додаве дека и покрај тоа што се случила останала во контакт со пријателите на својот поранешен сопруг.

-Денеска кога сето то помина, во контакт сум со роднините на мојот маж. Неговите родители за жал се починати, вели пејачката.

Таа сега е мажена за архитектот Игор Јовановиќ.

-На мојот сопруг не му е лесно, како и на сите мажи на пејачи. Многу трпи поради мене и мојата работа, прво постојани телефонски повици од многу луѓе, а од друга страна тој е архителт и се занимава со својата примарна работа. Покрај тоа јас не сум секогаш добра и мирољубива, имам свои ставови и често знам да се дерам низ дома. Често кога не сум во право знам да се спротивстввам и да го истуркам до крај тоа што го сакам, признава Стоја.

-Кога правев промени во кариерата и исчекори сите се лутеа. Пред 13 години бев русокоса и сакав да изгледам како барбика и да бидам слаба како и секоја жена, мене сите ми се лутеа и се чувствуваа како да сум ги предала. Ми говореа: Што направи со себе? Поради тоа се вратив на стариот стил, само што сум малку постара, низ насмевка порачува Стоја која заработува од тезги.

-Не ме навредува тоа што некои мои колеги се фалат со цифри, како заработиле толку по настапи, јас си ги гледам моите настапи и мојот паричник, туѓиот не ме загрижува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1