Страшно: 24 годишна студентка од Врање починала од анорексија / Фото


 

Марија Јовиќ 24 годишна студентка од Врање пронајдена е мртва во својот изнајмен стан во Ниш на улицата ,,15,, точната причина од што починала ќе се знае по обдукцијата но според првичните информации од лекарите и тврдењата на нејзиното семество Марија починала од анорексија.

Нејзините пријатели велат дека со години ништо не јадела, а дури и својот магистерски труд го посветила на борбата со анорексијата.

Марија минатата недела дипломирала на факултетот за уметност во Ниш, а нејзината дипломска работа била плакат посветен на борбата со анорексија.

Телото на девојката го пронашла нејзината другарка која повикала полиција откако Марија со часови не и одговарала на телефонските повици иако биле договорени да се слушнат уште рано утрото.

,, Последен пат се чуле околу 21 часот вчера и се било во ред со Марија, не се пожалила на никакви здраствени проблеми. Утрото околу 7 часот ја барала по телефон, но никој не се јавил. Се обидела подоцна – истиот резултат, помислила дека се успала и отишла да ја разбуди. Кога влегла во станот го затекнала мртвото тело на Марија во креветот.,, изјавил сосед за српски телеграф.

На местото на несреќата стасала сестрата на починатата, се чул силен и страотен крик во моментот додека го изнесувале телото на нејзината сестра прекриено со чаршав.

,, Беше многу мила, убава и препаметна креативна девојка, но повеќе од 5 години не јадеше речиси ништо – беше опседната со својот изглед и убедена дека е дебела. Од друга страна пак енергија добиваше од огромна количина на газирани пијалоци. Тоа сигурно целосно и го разорило организмот,, вели првиот сосед на девојката.

,, Беше девојка за пример, наша миленица, премногу талентирана. Знаевме дека има проблеми. Уште во втора година на факултетот почна нагло да слабее и понудивме помош, ја прифати. Беше свесна дека има проблем со анорексијата и се бореше со тоа.,, изјави Бојан Живиќ шеф на одделот за применета уметност каде студирала покојната Марија.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1