Страв и ужас во градот на духови: Со Фукушима владеат крволочни радиоактивни животни


Заедно со ризикот од радијација, неочекувана пречка за Јапонците кои се враќаат во своите домови по нуклеарната катастрофа во Фукушима пред 6 години – се дивите свињи.fukusima zivotni

Стотина животни, кои се способни да напаѓаат луѓе кога се загрозени, се симнале од околните планини и шуми во напуштениот Намиа, град на брегот. Сега одат низ празните улици и обраснати дворови во потрага по храна.

Се верува дека дивите свињи станале радиоактивни откако јаделе контаминирана храна, но и затоа што со години живееле во подрачјето со висок ризик.fukusima-divi-svinji-radioaktivni-02

“Моментално не е јасно кој владее со градот, луѓето или дивите свињи”, рекол градоначалникот Тамотсу Баба, кој ги повикал луѓето слободно да се вратат во своите куќи.

“Доколку не се ослободиме од нив и не го вратиме овој град во нашите раце, ситуацијата ќе стане уште потешка, а градот повеќе нема да биде населив”, додал тој.

Жителите побегнале од радијацијата која се проширила од јапонската нуклеарна централа Фукушима, чии реактори се стопиле откако нуклеарката ја погодиле земјотрес и цунами во 2011-тата година.

Во градот Тамиока, ловецот Шоичиро Сакамото води тим од 13 луѓе кои се задолжени да убиваат диви свињи. Два пати неделно поставува стапици со кои ги мами.

“Откако луѓето заминале, животните се симнале од планината и немаат намера да се вратат. Пронашле место каде им е добро, каде има многу храна, и никој што ги лови. Нешто мораше да се преземе по тоа прашање”, рекол Сакамото.

Од минатата година неговиот тим уловил околу 300 диви животни.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1