Страв ми е да излезам убиецот е сеуште на слобода – Сведоштво на кавадарчанец


Страв ми е да излезам на чаршијата по трократното убиство од вчера и фактот што убиецот е сеуште на слобода. Еден другар бил во градскиот парк синоќа а полицајци му рекле бегај накај центарот кај што има народ. Врие од полиција што се вели, се чешла цело Кавадарци и пошироко, се пребарува насекадеtrojno500

Ова го вели млад кавадарчанец за Дневник, а полициски извори потврдуваат дека  засилено полициско обезбедување има во Кавадарци по вчерашното трократно убиство кога кавадарчанец ги застрела родителите и сестрата на својата сопруга која покренала бракоразводна постапка.

Веднаш по убиството полицијата разговарала и со блиски роднини и пријатели и колеги  на убиецот посетувајќи ги нивните домови, интересирајќи се каде биле за  време на убиството, дали знаат нешто во врска со убиецот и слично.

Исто така, биле обезбедувани неколку домови во Кавадарци, за чии сопственици исто така постоел страв да не бидат нападнати. Некои од нив биле во конфликт со убиецот а други биле поврзани со бракоразводната постапка со неговата сопруга.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1