Струмица конечно здивнува – нема нови пожари


Со последниот голем пожар пред два дена, во градот имаше чад на сите страни. Ако продолжеше така, ќе беше погубно за здравјето на струмичани.


Денес е мирно во Струмица, нема најава за нов пожар. Граѓаните се помирни, и не посакуваат нов пожар. Градоначалникот на Струмица Зоран Заев ги смирува граѓаните дека се врши целосно гаснење на местата каде што жари.

„Местото кај викендичките близу градот, познато меѓу струмичани “лозиин’та“, повеќе нема ниту дим, кај локацијата кај “Чамчифлик“ целосно е локализиран, а просторот кој беше опожарен покрај регионалниот пат Струмица – Валандово, односно кај депонијата, се уште жари и има дим“, изјави Заев.

Со последниот голем пожар пред два дена, во градот имаше чад на сите страни. Ако продолжеше така, ќе беше погубно за здравјето на струмичани.

Моментално дежураат екипите од општинските и државните институции, и дење и ноќе. Градоначалникот Заев апелираше до сите граѓани да пријават на бројот 193 во Противпожарната служба, доколку имаат некакви сознанија за нов пожар.

Со багер е направен пристапен пат од стотина метри за да се пристапи кон самиот рид, и да не се симне пожарот до самиот регионален пат, односно тука да заврши неговото гаснење. ,,Нашите очекувања се дека денеска конечно ќе заврши пожарот над Струмица, секако тоа го кажуваме со резерва, бидејќи температурите се се уште високи и се уште не знаеме дали некое подземно горење нема повторно да излезе на површина, но се надеваме дека, имајќи го под контрола целиот овој терен, ќе значи и привршување на пожарот над Струмица,, вели Заев.

Пожарот во Струмица што започна на 23 јули зеде три жртви. Постојано се ширеше и не престануваше. Струмичани се радуваат од вестите на хидро-метеоролошкиот завод, дека се очекуваат пониски температури и дождови. Дали тоа ќе помогне или не, останува да покаже времето.

Share Button

Tags: ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1