Судењето за „Диво Насеље“ чини 1,3 милиони евра


Вкупно милион и тристе илјади евра на македонска држава треба да вратат 33 сега веќе осудени терористи од кумановскиот случај „Диво Насеље“. Сумата опфаќа трошоци за бензин, судски трошоци, судски преведувачи, керозин за хеликоптерите на МВР, за обдукциите, преведувачи и здравствени услуги.

Шестнаесет од осудените по правосилноста на пресудата ќе бидат протерани од Македонија и затворските казни ќе треба да ги одлежат во своите матични земји, односно во Косово, Албанија и во Германија. На сите осудени во затворските пресметки им е земено предвид и времето минато во притворот кој започнал на 10 мај 2015 година.

По барање на ОЈО, ослободени од вина се до вчера притворените Ибрахим Муртезани, Бекир Бајрами, Беким Ајдини и Фазли Османи.

Доживотен затвор добија Авни Красниќи, Фадил Фејзулахиу, Насуф Бекири, Бек Бајрами, Фејрула Рушитовски, а протерување од Македонија и доживотен затвор добија Дем Шеху и Валдет Зекај.

Доживотна казна затвор заработи Сулејман Османи, обвинет во случајот „Дива населба“. На нему му се судеше во одвоена постапка. Сулејман Османи во судница со рацете правеше двоглав орел, а аплаудираше кога му беше прочитана пресудата.

Од 12 до 18 години затвор добија: Мусадик Бајазити – 12 години затвор, Абип Балии – 12 години затвор,
Архам Арифи – 13 години затвор, Арим Бајрами – 13 години затвор, Сеаудин Абдулќари – 14 години затвор, Ирфан Љутвиу – 14 години затвор и Рагми Љатифи – 18 години затвор.

На чисти 20 години затвор се осудени: Ќенан Исени, Мирсад Ќерими 20 години затвор плус протерување од РМ, Лирим Демири,
Хајруш Авдија, Линдит Рустеми – 20 години затвор плус протерување од РМ, Фадил Елшани – 20 години затвор плус протерување од РМ.

На 40 години робија се осудени: Есад Кафеѓоли – 40 години плус протерување од РМ, Ардијан Бујари – 40 години плус протерување од РМ, Шефќет Калачи – 40 години плус протерување од РМ, Беким Кабаши – 40 години затвор плус протерување од РМ,
Генци Сефа – 40 години затвор плус протерување од РМ, Енвер Хоџа Клајн – 40 години затвор плус протерување од РМ,
Руфки Догани – 40 години затвор плус протерување од РМ, Бајрам Елшани – 40 години затвор плус протерување од РМ
Неџбедин Лика – 40 години затвор, Лирим Красниќи – 40 години затвор плус протерување од РМ, Севдаил Мифтари – 40 години затвор, Фатмир Речица – 40 години затвор плус протерување од РМ и Сами Ушкини – 40 години затвор и протерување од РМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1