Судир пред Матично: Наместо да играат на свадба, чекаа увид (ФОТО)


Попладнево околу 17 часот на булеварот Илинденска пред Матичната служба, се судрија две возила, пренесува Лидер.

Полициско возило пристигна на местото, но возачите на двете судрени возила, од кои едното забележително накитено како за на свадба чекаа сообраќајна полиција да изврши увид кој е виновен за сударот.maticno-1

Немаше повредени во сообраќајната незгода, но и двете возила имаа видлива материјална штета.

Матичната служба денеска работеше турбо, и на секои половина час пристигнуваа нови младенци и нивните сватови па настана неверојатна гужва пред објектот наменет за судбоносното “да“.

maticno3

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1