Судот рекол да ја поделат куќата на половина, тие вградиле ѕид во соба! ФОТО


Верувале или не, но според одлуката на судот поранешните сопружници Цвитненко да го поделат имотот 50:50 била и да изградат ѕид кој ќе ја подели вилата на половина.

За жал, структурата на луксузната куќа, вредна 2 милиони долари, и скалите кои се наоѓаат на едната страна ја спречиле 45-годишната Маргарите Цвитненко да влезе во својата соба, бидејќи нејзиниот сопруг Сергеј во меѓувреме ги повикал мајсторите да изградат ѕид. Скалите биле на неговата страна.Rich Russians divorce

Маргарита на социјалните мрежи открила дека една пријателка останала заробена во нејзината соба, па морале да повикаат пожарникари да ја извлечат.

– Еден ден Сергеј ми рече дека ме напушта. Имавме и претходно проблеми поради неговите чести афери. Трпев се, бидејќи го сакав и сметајќи дека е погрешна одлуката да се разведеме и да ги оставиме двете деца без родители. Но, тој одлучи да ме остави засекогаш и поднесе барање за развод – рекла Маргарита.

Судот затоа одлучи семејството да го подели имотот 50:50, а вилата во најлуксузниот дел на Москва Рибљовка да го поделат на половина.Rich Russians divorce

– Ескперти ја мераа куќата за да оценат како таа може да се подели на половина. Скалите кои водеа до вториот кат каде што e нашата соба, сега е на страната на Сергеј. Судот вели дека би требало да изградиме скали на мојата страна. Барав одложување на одлуката, бидејќи во моментот немам пари за такво нешто – рекла Маргарита.

Маргарита која има син и ќерка во тинејџерски години вели дека мајсторите на многу грд начин упаднале во куќата додека таа појадувала со децата и почнале да градат ѕид. Кога се жалела, судот рекол дека поранешниот сопруг е слободен да прави што и да посака.3993b49c00000578-3858512-image-a-14_1477037575683

Инаку, 52-годишниот Сергеј со профитабилни бизниси стекнал големо богатство во кое уживале пред да се разведат.

– Одам на суд толку често така што чувствувам како тоа да ми е второ работно место – рекла Маргарита.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1