Сведок сум на убиството на Аркан – затоа ми го убија братот


„Далибор е убиен само затоа што ми е брат, а јас сум сведок на убиството на Жељко Ражнатовиќ-Аркан. Од денот кога е убиен командантот, до денес јас сум жртва на закани кои не престануваат“.

Ова вчера пред Судот во Белград го изјавил Звонко Матеовиќ, клучниот сведок на ликвидацијата во белградскиот хотел „Интерконтинентал“, чиј брат Далибор на 6. февруари 2004. година во центарот на Белград, според наодите на Обвинителството бил убиен од Жељко Симеуновиќ.ubien

Метата требало да биде Звонко Матеовиќ, кој за време на убиството на Аркан бил негов телохранител.

-Никој никогаш не ми се заканувал дека ќе го убие мојот брат, туку мене. Неколку месеци пред убиството на Далибор преку еден човек од Лозница ми порачаа дека ќе ми платат колку сакам само да го променам исказот. Ми рече:„Немој да летаат глави, напиши колку бараш, тие се добри момци“, но им реков дека не сакам да зборувам невистини, па да ме убијат Аркановите, вели Матеовиќ.

Тој навел дека заканите никогаш не престанале и дека и понатаму ги добива.

-Заканите не ги пријавив. Кому да ги пријавам кога поранешен полицаец го уби командантот и поранешен полицаец го уби и мојот брат?! Се чувам, се пазам, никаде не одам, додал вчера поранешниот телохранител на Аркан.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1