Сведоштва на очевидците – Возачот на БМВ-то 8 пати фатен како вози без дозвола


Додека трчавме кон Дунав се слушаа ужасни и очајни крици за помош. Ништо не се гледаше, само слушавме. Направивме се што можевме. Секој би реагирал вака во ваква ситуација. Вака раскажува што се случило кобниот петок едно од лицата кои ги спасувале момчињата и девојките кои влетаа во Дунав.

Според неговиоте зборови, еден човек влетал во ресторан и панично почнал да вика некој да повика Брза помош бидејќи некој се дави во Дунав. Сите шокирани излегле надвор, и келнерите и гостите и музичарите. Вака раскажува 27-годишниот Владан Џорџевиќ од Панчево кој ги спасувал младите од водите на Дунав.

soobrakajka-dunav500

Владан вели дека сите како жив ланец се држеле за раце и ги влечеле момците и девојките од БМВ-то.

– Ништо не се гледаше, само слушавме какo викаат за помош. Дунав влечеше на сите страни. Беше страшно, вели тој.

Откако ги спасиле и однеле во ресторанот каде им пружиле помош пред да дојде амбулантното возило, следувала нова агонија. Едно од момчињата почнало да вика дека неговиот другар е во багажникот. За жал, веќе било предоцна да се спаси момчето.

Душан Јованович (19) возачот на BMW-то кое влета во реката Дунав при што загинаа 3 млади тинејџери, полицијата во последните четири години го фатила при контрола дури 8 пати како вози без возачка дозвола.

При трагичниот ден Душан бил под дејство на алкохол и повторно без возачка дозвола, а полицијата соопшти дека во неговото досие има запишано 27 прекршочни пријави. Освен сообраќајните прекршоци, има прекршок и за носење на безбол палка. Според евиденцијата на српско МВР својот прв прекршок Душан го направил на свои 15 години казнет поради возење на мотор без заштитна кацига. Потоа следуваат возење без возачка дозвола, возење автомобили на странски таблици, немање на сообраќајна дозвола итн., а последната казна му била пишана 10-тина дена пред да се случи несреќата.

За целата работа да кулминира прекршочниот суд објаснува дека Јованович никогаш на ни едно судење не се појавувал и дека полицијата никогаш не можела да го пронајде на местото пријавено според личната карта. Со што неговите дела застарувале. Пренесува српски Курир.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1