Свети Никола (Дедо Мраз)


Човекот кого го познаваме како Дедо Мраз, и самиот си има своја историја. Денес тој се смета за воглавно весел човек облечен во црвено, но неговата приказна оди се до третиот век од нашата ера.dedo-mraz500_thumb_medium380_0

Легендата за Свети Никола

Легендата за Санта Клаус може да ја пронајдеме стотици векови наназад, кај монахот со име Свети Николас. Се верува дека Николас бил роден околу 280 г.н.е. во Патара, во близина на Мира, во денешна Турција. Бил многу почитуван заради неговата хуманост и добродетелство, па Свети Никола станал присутен во многу легенди. Се вели дека го раздал сето свое наследено богатство и патувал низ земјите помагајќи им на сирмаошните и болните. Една од најпознатите приказни за Св. Николас е дека спасил три сиромашни сестри да не бидат продадени во ропство или проституција од нивниото татко, и им дал мираз за да можат да се мажат. Со текот на многу години, популарноста на Николас се раширила и тој станал познат како заштитник на децата и морнарите. Неговата слава се прославува на датумот на неговата смрт, на 6 декември (по Јулијанскиот календар). Ова традиционално се смета за среќен ден за да се направи голема купувачка или свадба. Во ренесансата, Св. Николас бил најпознатиот светец во Европа. Дури и по протестантската реформација, кога обожувањето на светците опаднало, Св. Николас ја задржал позитивната репутација, посебно во Холандија.

Синтер Клаас доаѓа во Њујорк

Св. Николас првпат влегол во американската популарна култура кон крајот на 18-иот век. Во декември 1773, и повторно во 1774 година, еден њујоршки весник објавил текст дека група холандски семејства се собрале во чест на годишнината од неговата смрт.

Името Санта Клаус дошло од холандскиот прекар Синтер Клаас, скратено од Синт Николаас (на холандски Сент Николас). Во 1804, Џон Пинтад, член на њујоршкото Историско друштво, поделил дрвени резби со ликот на Св. Николас на годишниот состанок на друштвото. На позадината од резбата го имало денес познатиот лик на Дедо Мраз, вклучувајќи и чорапа полна со играчки и овошје како висат над каминот. Во 1809, Вошингтон Ајрвинг помогнал да се популаризира Синтер Клаас кога се осврнал на Св. Николас како светец патрон на Њујорк во неговата книга „Историјата на Њујорк“. Како што растело неговото почитување, Синтер Клаас бил секако опишуван, од „немирко“ со сина троаглеста капа, со црвен капут до појас и жолти чорапи, до човек кој носи широка крзнена капа и „огромен чифт фламански пантолони до коленици“.

Дедомразовците од трговските центри

Дарувањето, посебно за децата, е важен дел од божикната иконографија уште од повторното воведување на празникот на почетокот на 19-иот век. Во 1820 година, продавниците почнале со рекламирање на божиќните купувања, а во 40-ите години весниците правеле посебни страни за празнични рекламирања, кои често вклучувале и слики од новопопуларниот Санта Клаус. Во 1841, илјадници деца поминале низ продавницата Филаделфија за да видат кукла на Дедо Мраз во човечка големина. Било прашање на време пред продавниците да почнат да ги привлекуваат децата и нивите родители, за да видат „жив“ Дедо Мраз. На почетокот на 90-ите, на Армијата на спасот и требало пари за да плати за бесплатни божиќни оброци кои ги обезбедувале за најсиромашните семејства. Почнале да облекуваат невработени луѓе во костими на дедомразовци и ги испраќале по улиците на Њујорк за да собираат донации. Оттогаш, овие познати дедомразовци на Армијата на спасот со своите ѕвона се секоја година по уличните агли во Америка.dedo mraz

Човекот од Ноќта пред Божик

Во 1822, епископскиот свештеник Клемент Кларк Мур напишал долга божикна поема за неговите три ќерки, насловена „Момент од посетата на Дедо Мраз“. Поемата на Мур, која никој не сакал да ја објави заради откачената природа на опишаниот човек, е највиновна за нашиот современ изглед на Дедо Мраз, како „стар весел добричок елф“, со полничок изглед и натприродни способности да се спушта низ оџакот – и покрај неговата голема глава! Иако можеби некои од приказните на Мур биле позајмени од други извори, неговата поема помогнала да се популаризира денес познатиот изглед на Дедо Мраз, кој на Божиќната вечер лета од куќа до куќа, „во минијатурна санка“ која ја водат осум ирваси – и остава подароци за добрите деца. „Момент од посетата на Дедо Мраз“ создала нова и инстант популарна американска икона. Во 1881, политичкиот карикатурист Томас Наст, според поемата на Мур нацртал прв лик кој соодветствува со нашиот денешен изглед на Дедо Мраз. Неговата карикатура, која се појавила во Харперс викли, го прикажува Дедо Мраз како дебел, весел човек со голема густа бела брада, и како носи торба со играчки за умните деца. Токму Насти му го дал на Дедо Мраз изгледот со црвен костум со бело крзно, со работилницата на Северниот пол, со џуџињата и неговата жена г-ѓа Клаус.dedo mraz

Дедо Мраз под други имиња

Во Америка во 18-иот век, Санта Клаус не бил инспириран само од дарителот Св. Николас кој се појавувал за време на Божиќ. Слични ликови биле популарни низ целиот свет. Се верувало дека Кристкинд или Крист Крингл им делел продароци на добрите швајцарски и германски деца. Значењето Кристкинд (Христос дете) е лик со физиономија на ангел, кој често го придружувал Св. Николас во неговите празнични мисии. Во Скандинавија, за веселиот елф наречен Јултомтен се верувало дека дели дарови во санка која ја влечат кози. Една англиска легенда вели дека Отец Божик го посетува секој дом на Божикната вечер, за да ги наполни чорапите на децата со празнични дребулии. Пере Ноел е виновен за полнењето на чевлите на француските деца. Во Русија се верува дека една стара жена со име Бабушка, намерно му дала на некој мудар човек погрешен правец кон Витлеем за да не го најдат Исус. Потоа таа се чувствувала засрамена, но не можела да го најде човекот за да ја исправи својата грешка. До денес, на 5 јануари Бабушка ги посетува руските деца и дели дарови, со надеж дека едно од нив е бебето Исус и дека ќе и биде простено. Во Италија постои слична приказна за жена наречена Ла Бефана, љубезна вештерка која јава на метла низ оџаците на италијанските домови за да дели играчки во чорапие на умните деца.

Деветиот ирвас

Рудолф, „најпознатиот ирвас“, бил роден сто години по неговите осум летечки претходници. Црвеноносестото чудо бил креација на Роберт Меј, копирајтер во продавницата Монтгомери вард.

Во 1939, Меј напишал божична поема во обид да се зголеми продажбата за Божик во неговата продавница. Користејќи слична рима како и моровата „Ноќта пред Божиќ“, Меј раскажува приказна за Рудолф, млад ирвас кој бил задеван од другите ирваси заради неговиот голем црвен нос кој светел. Но кога на Божикната вечер паднала магла, и Дедо Мраз се загрижил дека нема да може да ги подели подароците таа вечер, ирвасот го спасил Божик водејќи ја санката со помош на светлото на неговиот нос. Пораката за Рудолф – која зборува за шансата, дека ограниченоста може да биде претворена во корист – се покажала како многу популарна. Во Монтгомери вард во 1939 година продале скоро два и пол милиони примероци од приказната. Кога била реиздадена во 1946 година, книгата била продадена во над три и пол милиони примероци. Неколку години подоцна, во 1949, еден од пријателите на Меј, Џон Маркс, напишал кратка песна на основа на приказната за Рудолф. Таа била снимена од Џин Отри, а плочата била продадена во над два милиони примероци. Оттогаш, приказната била преведена на 25 јазици, според неа е направен телевизиски филм во кој гласот го позајмува Барл Ајвс, филм кој ги разгалува гледачите уште од 1964 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1