СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА – едиствениот пророк кој на небото воскреснал жив


Свети Илија е едиствениот пророк кој на небото воскреснал жив. Тој е еден од најзначајните светци во христијанството.

Свети пророк кој живеел во 9 век п.н.е. на просторот на денешен Израел и Палестина. За неговото дело е напишано во Стариот завет, Новиот Завет, Талмудот и Коранот, што значи дека е почитуван во многу религи: јудаизмот, христијанството, исламот, Бахајството, Јеховите сведоци, Мормонизмот.

Свети Илија е едиствениот пророк кој на небото воскреснал жив. Тој е еден од најзначајните светци во христијанството. Иконописната традиција го слика пророкот Илија како се вознесува во кола со огнени тркала, која е окружена од сите страни со пламени и запрегнати четири крилати коњи.

Се родил во Ароноб. Според верувањата, кога Свети Илија се родил, неговиот татко Савах видел ангели околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Името Илија во превод значи “Мојот Бог е Јахве“

Пророкот Свети Илија се појавува за да го насочи својот еврејски народ кон вистинскиот Бог, бидејќи дотогаш народот потпаднал под влијание на Езавел, сопругата на цар Ахав.

Во тоа време, и самиот Илија не се согласувал јавно со Ахав, кој сè почесто ја подзаборавал религијата на Мојсеј, и наместо во Јехова, верувал во други богови. Неговата жена го наговорила да изгради храм за сирискиот бог Ваал и одредил свештеници за тој бог. Поради тоа морал да избега од Израел, и се доселил на протокот Херит, источно од Јордан. Според верувањата, Господ Свети Илија го испратил во Серепта Сидонска кај некоја вдовица, која требало да се грижи за него. Кога пристигнал кај неа ѝ побарал нешто за јадење, а таа му рекла дека самата таа и нејзиниот болен син немаат што да јадат, камоли и нему да му дадат. Тогаш, Илија ѝ порачал на вдовицата да му ја даде последната храна што ја имаат, бидејќи Бог нема да дозволи таа и нејзиниот син да останат гладни. Таа така и направила. По некое време обеќањето од Илија се остварило, но синот на вдовицата починал од болеста што ја имал. Затоа пак, Свети Илија се помолил на Господ и Тој повторно го вратил во живот.

 Гледајќи ја пропаста на својот народ, пророкот Илија почнал да го убедува царот Ахав да се покае. Царот не го послушал. Тогаш пророкот Илија му објавил дека, како казна, три години не ќе има ни дожд, ни роса на земјата, а сушата ќе престане само по неговата молитва. И навистина, по молитвата на пророкот небото се заклучило, настапила суша и глад по сета земја. Народот страдал од неиздржлива жештина и глад.

По две години глад и суша, Господ му наредил на Илија да се врати повторно кај Ахав и да го објави крајот на сушата. Кога царот разбрал за зборовите на Илија, наредил да го доведат кај него. Пророкот побегнал кон Беер Шева во Јудеја. По патот продолжил низ пустината и по патот го помолил на Господ да му го одзеде животот бидејќи сметал дека не бил подобар од останатите грешници на светот. Потоа заспал под некое дрво, а во длабоката ноќ дошол ангел кој му донел јадење и му рекол дека го чека долг пат.

Илија патувал 40 дена и 40 ноќи се до планината Хорив, и кога престигнал влегол во некоја пештера. Таму Бог го прашал што прави во таа пештера, а самиот Илија му кажал се што го мачи. Тогаш Бог му кажал да излезе од пештерата. Само што излегол, Бог повторно го запрашал Илија што прави на оваа планина, а тој повторно му ги кажал страдањата и грешниот свет. По ова, Бог му наредил да оди во Дамаск и да помогне Азаил да стане цар на Сирија, Ивуј за цар на Израел а Елисеј за негов заменик. Пророкот Елисеј бил сведок на восходењето на пророкот Илија на небото во огнената кола и од него ја добил наметката што паднала како дар на пророчкиот дух – двојно поголем, отколку што имал пророкот Илија.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1