Светот се збогува со Стивен Хокинг


Во јануари годинава, Стивен Хокинг наполни 76 години, а почина на 14 март, два месеца подоцна. Еден од најславните физичари на светот, Хокинг почина на ден  3/14, денот на Пи. Имаше 76 години и, и покрајхендикепот, богата кариера, која не беше само научна.

Но Британецот познат по својата работа на црните јами и на релативноста пошироко ќе остане запаметен и по популаризацијата на науката, преку научно-популарни книги, како бестселерот „Кратка историја на времето“, и книги за деца. Освен тоа, со одлична смисла за хумор и препознатлив „синтисајзер“ глас. Неговиот интересен и богат живот е прикажан во филмот од 2014, „Теоријата на сè“, за кој Еди Редмејн, кој го глумеше во филмот, доби Оскар. Имаше две сопруги и три деца.

Стивен во животот има напишано неколку популарни научни книги и се сметаше за еден од најголемите научници на сите времиња.Неговите блиски луѓе, познаници, луѓе кои работеле со него, како и фанови, жалат што загубија таков брилијантен ум и се благодарни за сè што направил за светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1