СВЕТОТ ЗАГУБИ УШТЕ ЕДНА ЅВЕЗДА: Почина легендарниот Џорџ Мајкл (ВИДЕО)


Легендарниот пејач Џорџ Мајкл почина на 53-годишна возраст, пренесе „Би-би-си“.

Како што наведе агентот на славниот музичар, Мајкл починал „мирно во својот дом“, не наведувајќи ја причината за смртта.

„Со голема тага и болка потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ почина во својот дом во текот на божикните празници. Во овој тежок момент, на семејството му е најважно да ја сочува приватноста, кое нема во овој момент повеќе да дава изјави на оваа тема“, стои во изјавата којашто ја објави агентот на пејачот.djordj majkl2

Георгис Киријакос Панајтоу, попознат како Џорџ Мајкл роден во Лондон 1963 година, беше британски музичар, композитор, а во текот на кариерата долга повеќе од 30 години освои две награди „Греми“.

Кариерата ја почна на 18 години во дуетот „Вем!“ со Ендрју Риджли, која во текот на 80-тите имаше голем хит „Wake Me up Before You Go Go“. По распаѓањето на бендот, Мајкл започна успешна кариера, а неговиот прв албум „Faith“ (1987) како соло уметник е продаден во повеќе од 20 милиони примероци, а со неговото издавање стана една од најголемите музички икони. Во наредната деценија издаде уште четири албуми, но само два со целосно оригинални материјал – популарниот Listen Without Prejudice Vol 1. (1990) и Older (1996), за во 21. век со албум „Patience“ (2004) да порача дека тоа му е последно студиско дело.djordj-majkl

Британскиот поп-пејач засекогаш ќе остане запаметен по бројните хитови како „Careless Whisper“, „Freedom“, „Too Funky“ „Father figure“,„Fastlove“, но и по спотовите коипто ги снимаше со најуспешните топ-модели на денешницата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1