Светски првак во бокс, брутално претепал старец


Никола Стевановиќ (25), светски шампион во велтер категоријата, за ИБФ боксерската асоцијација, е осомничен за брутално претепување на работникот на Белградски водовод, Драгољ Јовановиќ (58), кој имал само уште две години до пензија.

„Мислам дека ќе ме убиеше кога почна да ме удира со тупаниците каде што ќе стигне. Се преправав дека сум онесвестен, што претпоставувам дека на тој начин го уплашив, да си помисли дека навистина ме убил. И потоа си замина. Се започна кога се обиде да го паркира BMW пред багерот, во моментот кога јас не бев во него. Го удри со својот автомобил. Излезе изнервиран, почна да ме турка, а изгледаше како да е дрогиран. Почна да вика и да ми се заканува дека ќе ми ја пукне главата. Една девојка му пријде, која најверојатно го чекала и се обиде да го смири, како и луѓето кои што го видоа целиот случај. Се врати во колата и ја премести. Потоа и јас го поместив багерот на местото каде што требаше да продолжам со работата. Но, почна да ме следи со колата, излезе и тогаш настана пекол во кабината“, изјави претепаниот работник Драгољ.


Целиот инцидент се случи околу 8:30 во утринските часови, а полицијата го обвини Стевановиќ, заедно со неговиот пријател Петар Бајиќ (25) кој бил со него во BMW, за насилничко однесување.
Јовановиќ наведува дека светскиот шампион во бокс, со тупаници го мавал додека седел во кабината и не можел никако да побегне.
„Никогаш не ми се случило вакво нешто. Се обидов да се заштитам, барем со рацете да ја покријам главата и сега имам повредена кичма, а не сум веќе млад. Имам уште две години до пензија. Тој беше толку гневен што дури и ме гризна за ногата кога ме преврте од седиштето“, вели Јовановиќ и додава дека пријателот на боксерот Петар Бајиќ, исто така го мавал со патерица.

„Тој другиот, неговиот пријател, ја зема патерицата која што беше на вратата на багерот, додека Стевановиќ ме тепаше. Се обиде да ме удри, а еднаш ме потфати за слепоочницата“, додаде Јовановиќ.
Тој додаде дека неговите колеги се обиделе да му помогнат и да го спасат, но во тој момент Бајиќ извадил нож и им се заканил. Во полицијата наведуваат дека Стевановиќ го привела полициска служба, а потоа бил пуштен да се брани од слобода во договор со обвинителството.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1