Sвезда ја крие тајната на вечната младост ?


Во блиското соsвездије на нашата галаксија се наоѓа sвезда која наводно ја поседува тајната на вечната младост, тврдат научниците.

На сликата од Ла Сила опсерваторија во Чиле може да се забележи сјајот на десеттина илјади стари sвезди кои се смета дека се настанати во далечното минато на свемирот. Меѓутоа, една sвезда покажува изненадувачки знаци на младост.
Таа припаѓа во збиениот кугласт збир  Messier 4, еден од најблиските до Земјата, се наоѓа во соsвездијето на Скорпија и може лесно да се види со двоглед или со помал телескоп.

Астрономите можат да ја измерат староста на sвездите со помош на хемиски елементи откриени благодарение на нивната светлина.
Sвездите кои се откриени одамна, за време на младиот свемир, во главно содржат тешки елементи. Некои лесни елементи, кои биле присутни во процесот на формирање на древните sвезди, се ицрпуваат со нивното стареење.

Меѓутоа, необичната sвезда сеуште содржи дел од лесен елемент – литиум.
“ Изворот на литиумот е мистерија. Овој елемент постепено се уништува во текот на милијарда години од животот на sвездите, но оваа sвезда, помеѓу илјади од нив, по се изгледа ја поседува тајната на вечната младост. Или на некој начин успеала да го задржи  својот оригинален литиум, или пак успеала да надохнади со свежо количество на истиот.” Рекле научниците од европскиот јужен опсерваториум (ESO), чије што претставништво е во Чиле.

Извор:Jutarnji.hr

Tags: , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1